Oва е време на борба на умерените со радикалите и колку порано умерените леви и десни лидерства и граѓанства се запознаат, се здружат и oсојузат, толку поскоро и полесно ќе си го спасиме Балканот од искрите национализам коишто, на моменти, ја прекриваат дури и Преспа со непријатен чад и мирис.
Имаме одговорност да повикуваме на здружено делување, ние умерените левичари и десничари, заедно да се спротивставиме на радикалните центри и тенденции коишто од лево и десно се спојуваат зад нашиот видокруг, користејќи најопасни методи за манипулации, предизвикувајќи конфликт и судир, не нудејќи никакви решенија за напредок.
Од мојата анализа за магазинот “Предизвици” во издание на Фондацијата Фридрих Еберт.