Битолскиот КК „Пелистер 1982“ на NBC куп во Хрватска со спонзорство на нашата фондација

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, покрај поддршката на  поединечни и колективни активности од разни области, го помага и негувањето и унапредувањето на македонскиот спорт, како и неговата афирмација на меѓународен план. Како резултат на таквите заложби, нашата фондација финансиски го помогна учеството на Кугларскиот клуб „Пелистер 1982“ од Битола на меѓународниот кугларски NBC Куп, кој од 2 до 7 октомври се одржа во Славонски Брод, Хрватска.

Овој клуб, кој повеќе од четири децении, успешно се натпреварува (во машка и женска конкуренција) на националната и европската кугларска сцена, на турнирот во Хрватска се натпреваруваше во силна конкуренција на 25 европски кугларски клубови од  Германија, Австрија, Чешка, Словачка, Италија, Франција, Унгарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Хрватска.

Овојпат високиот пласман изостана, но повеќе од значајно беше достојното претставување на македонскиот кугларски спорт на ова реномирано европско натпреварување.

Поддршката на нашата фондација за развојот на македонскиот спорт ќе продолжи и во наредниот период.

Skip to content