Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со Општина Струмица, се вклучува во доделувањето стипендии за талентирани ученици од средните и основните училишта од општина Струмица, за учебната 2023/24 година, кои во минатата учебна година своиле прва, втора или трета награда на меѓународен, државен, регионален или општински натпревар.
Покрај стипендиите што ќе ги додели Општина Струмица врз основа на распишниот Јавен повик, нашата фондација ќе додели дополнителни стипендии во вкупен износ од 459.000 денари, односно по 2.500 денари на 10 редовни ученици од средните училишта, и по 2.000 денари на 13 редовни ученици од основните училишта, во траење од девет месеци во учебната 2023/24 год.
Стимулирањето на талентираните ученици и во иднина ќе биде пракса во делувањето на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, со надеж дека тоа ќе претставува поттик и за останатите ученици, за и тие да тргнат по патот на успешните соученици.