Беспрекорната соработка меѓу Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и Јавната научна установа Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, повторно вроди плод со трајна вредност.
Неодамна, со донација од нашата фондација, на веб страната на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, беше објавено електронското издание на „Речник на македонската народна поезија“ од авторката д-р Димка Митева. Станува збор за обемно дело од 600 страници кое е од исклучително значење за зачувување на оставнината на македонското народно творештво, но и на македонската литература, воопшто.
Наскоро се очекува прво официјално претставување и свечена промоција на ова капитално дело.
Директорот на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ – Зоран Заев, од времето кога беше градоначалник на општина Струмица, подоцна и како претседател на Владата, па се до денешни дни како прв човек на нашата фондација, повеќе од една деценија негува успешна соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, поддржувајќи низа активности на оваа научна установа. Убедени сме дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина, во интерес на негувањето на вистинските јазични и книжевни вредности на нашата татковина.