Речиси и да не постои област во нашето општествено живеење во која Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ немала удел преку практикувањето на својата добротворна дејност. Една од областите кои во континуитет ги поддржуваме е и спортот. Во текот на 2024 год., покрај поддршката и бројните донации во фудбалот, кошарката, одбојката, велосипедизмот, пинг-понгот, шахот и училишниот спорт, нашата фондација го помага и каратето.
Последен пример за поддршка на овој спорт е донацијата за Карате сојузот на Скопје, за учество на градската репрезентација на респектабилниот карате турнир во Србија – „Трофеј на Унијата“ . На оваа спортска манифестација, која се одржа на 14 и 15 декември, учество зедоа осум каратисти и шест каратистки од градската репрезентација, кои се натпреваруваа (индивидуално и екипно) во спортска борба и изведба на кати. Покрај натпреварувачкиот дел, во рамките на „Трофеј на Унијата“, се одржа и семинар за стручни лица, за полагање испит за повисоки степени (појаси) до Седми Дан.
И во годината која следува, поддршката за спортистите и спортските колективи ќе биде една од приоритетните ангажмани на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, со цел – растеж, популаризација и афирмација на македонскиот спорт.