Skip to content

Донација за концертот „Фолклорна низа“

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во рамките на своите програмски активности, го продолжува континуитетот на помагање и поддршка на развојот на македонската култура.

Деновиве нашата фондација донираше финансиски средства на Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ од Струмица за организација на традиционалниот годишен концерт кој годинава се одржа по шести пат. Концертот се одржа во НУ Центар за култура „Антон Панов“, на кој покрај домаќините – стотина членови на „Фолклорна низа“, настапија и гости од Кочани, Радовиш и Ново Село.

Македонскиот фолклор е од исклучително значење за зачувувањето на нашиот идентитет, па токму затоа нашата фондација, од своето основање до денешни дни, е редовен поддржувач на настани од таков вид, како и на институции и здруженија кои ги негуваат вредностите и традициите на македонската култура.

Бидете општествено одговорни. Придружете ни се.