Поддршката на ранливите категории граѓани, меѓу кои се и лицата со попреченост, е една од најприоритетните активности на Фондацијата „ЗАЕВ -Едно општество за сите“.
Неодамна бевме „подадена рака“ и на Здружението – Спортски клуб на слепи „Атрофија“ од Струмица, кое деновиве организираше шаховски турнир за слепи лица. Нашата фондација го имаше задоволството да донира финансиски средства на членовите на „Атрофија“, за што поуспешна организација и реализација на овој турнир, кој е дел предвидената програма за работа на ова здружение за тековната 2024 година.
На турнирот, покрај домаќините, учество зедоа шахисти од здрженијата на слепи лица од Кавадарци, Неготино, Кочани и Гевгелија, како и претставници од Петрич и Благоевград – Република Бугарија.
Нашата поддршка на здруженијата на лица со попреченост ќе продолжи и во иднина, а веќе за почетокот на ноември е одобрена уште една донација, овојпат за активност на здружение на лица со телесен инвалидитет.
Да донираме, да поддржиме, да помогнеме. Придружете ни се.