Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ останува доследна на својата континуирана поддршка на македонскиот индивидуален и колективен спорт. Покрај помагањето на фудбалот, кошарката, одбојката, каратето, кик боксот, велосипедизмот, шахот и училишниот спорт, нашата фондација се јавува и како поддржувач на спортскиот риболов.
Најновата донација е наменета за Спортскиот риболовен клуб „Трофеј 1998“ од Струмица како помош за реализација на настаните од годишната програма на овој клуб. Станува збор за организација и учество на повеќе Куп натпревари, Лига натпревари и Државно првенство во различни возрасни категории, а во дисциплините: „Пливка“, „Крап“, „Мушичка“, „Спин“, „Фидер“ и други, во поединечна и екипна конкуренција.
Вреди да се издвојат и Државното првенство „У-15“ и Куп „Рибарче У-15“, како и Куп натпреварите во категориите: дами, глуви и инвалиди , мастерси и средби на ветерани над 65 години.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на сите членови на Спортскиот риболовен клуб „Трофеј 1998“ од Струмица им посакува успех во новата натпреварувачка сезона и успешно негување и унапредување на спортскиот риболов, а ние и натаму остануваме верни поддржувачи на македонските спортисти и спортски здруженија.