Сите луѓе се еднакви и сите заслужуваат полна почит и внимание. Поаѓајќи од таквата вистина, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ реализираше уште едно донаторство од хуманитарен карактер.
Деновиве, претставниците на нашата фондација Ева, Душко и Славица Заеви, на сите 38 ученици од Основното училиште со ресурсен центар (Посебно основно училиште) „Св. Климент Охридски“ од Ново Село им подарија пакети со училишен прибор, неопходен за непречено одвивање на секојдневните училишни активности.
Нашите претставници беа срдечно пречекани од страна на учениците, а средбата со нив, во извонредно топла и пријатна атмосфера, помина во прекрасно дружење. За крај, Ева, Душко и Славица добија благодарници од директорката на училиштето, но останува најголемиот дар -незаборавното другарување со учениците. При разделбата со нив, претставниците на фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ уште еднаш им посакаа успех во учебната 2023/24 година, како и јакнење на нивното меѓусебно другарство. Се надеваме дека и во нашата фондација препознаа уште еден нов пријател.