Правилниот раст и развој на децата од предучилишна возраст мора да биде еден од клучните приоритети во едно општество. Токму затоа, нужен е постојан влог во подобрувањето на условите за престој на децата во предучилишните установи. Поаѓајќи од таквите суштински потреби за доброто на децата, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ одговори позитивно на барањето на ЈОУ Детска градинка „12 Јули“ од Конче, за донација на нов под – ламинат за сите простории во градинката. Како резултат на тоа, на местото на доскорешниот синтелон, кој не ги задоволувал потребните хигиенски услови за институција од таков вид, беше поставен ламинат, кој не само што ги задоволува таквите услови, туку е и лесен за одржување.
Деновиве, детската градинката „12 Јули“ во Конче ја посетија претставници од нашата фондација, меѓу кои и госпоѓата Славица Заева, која беше импресионирана од новиот изглед на градинката, а упати и апел до сите општествено одговорни компании да го следат примерот на фондацијата. Госпоѓата Заева и директорката на градинката Марина Коцева споделија импресии од успешниот резултат од воспоставената соработка, со надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и натаму чекори по својот зацртан пат.