Донирани спортски реквизити за ООУ „Даме Груев“ од с. Куклиш

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во рамките на своето делување, негува соработка со компании со кои споделува исти погледи и вредности. Врз основа на таквата соработка, нашата фондација организираше донаторство од сродни компании за спортско-шаховската училишна секција при ООУ „Даме Груев“ од село Куклиш. По барање на оваа секција, донацијата се состои од шаховски табли и бројни спортски реквизити за потребите на учениците од прво до петто одделение и нивните наставници.

Раниот психо-физички развој на учениците, како предуслов за креирање подобра иднина за нашето општество, е еден од фокус-интересите на нашата фондација, па затоа им изразуваме јавна благодарност на сопствениците на компаниите, за нивното „да“ во реализацијата на ова донаторство.

Skip to content