Унапредувањето на човековото здравје, здравствената благосостојба и соодветната здравствена грижа, се едни од целите на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно опоштество за сите“, срочени во нејзината „ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје“. Како резултат на доследното спроведување на програмските цели, нашата фондација, и во својата трета година од своето постоење, продолжува со активностите кои се во функција на сеопфатен растеж на македонското здравство.
Од 30 мај до 1 јуни во Скопје, во организација на Македонското здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија, се одржа Вториот македонски педодонтски конгрес „Да ја задржиме детската насмевка сјајна и здрава“. Водејќи се од своите принципи и начела, нашата фондација финансиски го поддржа овој тридневен конгрес (со меѓународно учество), со уверување дека најновите истражувачки достигнувања во земјата и светот, се од клучно значење за оралното и севкупното здравје на децата.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и натаму ќе ги следи потребите на македонското здравство, и следствено на тоа, ќе биде верен поддржувач на сите негови чинители. Ги повикуваме општествено одговорните компании и поединци да ни се приклучат во таквата мисија.