Минатогодишната воспоставена соработка меѓу Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и Здружението – Клуб на колекционери „Тивериопол РСА“ – Струмица продолжува и во 2025 година.
Нашата фондација и овојпат финансиски го поддржува ова струмичко здружение, со цел – успешна реализација на дел од активностите предвидени во тековната година, како и за покривање на непходните трошоци на клубот.
Вреди да се спомене дека Здружението – Клуб на колекционери „Тивериопол РСА“ – Струмица е прво регистрирано друштво од таков вид во државата, а во периодот од неполна година и половина од основањето поостигнува забележителен напредок во своето функционирање. Инаку, клубот успешно ја негува македонската и струмичката историја, како и историјата на културата и спортот, преку колекционерство на книги, весници, списанија, фотографи и предмети од минатото. За успешното постоење на клубот зборува бројот на посетители од Струмица, земјата и странство кои се повеќе пројавуваат интерес за посета на неговото „изложбено“ катче.
Ние од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ изразуваме надеж дека такви клубови на колкекционери, во наредниот период, ќе бидат отворени и во други македонски градови.
Нашата безрезервна поддршка и натаму продолжува.