Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува со серијата спонзорства на меѓународни фестивали и други културни содржини. По интернационалните фестивали „Охридско лето“, манифестацијата на камерна класична музика „Класика меѓународен фестивал Струмица“ и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, нашата фондација беше спонзор и на Интернационалниот фестивал на детски театар “Игор Маџиров”, во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје.
На фестивалот кој по третпат се одржа во чест на „неповторливиот Могли“ од Театарот за деца и младинци, Игор Маџиров, настапија театри од Франција, Италија, Турција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, и Северна Македонија, а се одржа и придружна програма посветена на детскиот театар.
Нам од фондацијата ни претставуваше задоволство да спонзорираме организациона активност на еден од најуспешните театарски колективи во државата, а особено кога станува збор за фестивал кој го носи името на познат актер роден во Струмица.
Инаку, на третото издание на меѓународниот фестивал на детски театар „Игор Маџиров“ 2024, беа доделени неколку награди, а „Гран при“ наградата и припадна на претставата „Не ме чекај” на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција.
Поддршката на уметноста и културата и натаму остануваат дел од фокусот на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“