Го спонзориравме учеството на струмичките гимназијалци на спортската средношколска олимпијада во Бахреин

Симбиозата меѓу младите и спортот постоела отсекогаш, а нужно е така да остане и во иднина. Имајќи го тоа во предвид, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, преку својата „ЗАЕВ-спортско-рекреативна програма“ спроведува активности за поддршка на развојот на младите и унапредување на спортот.

Како резултат на таквите ангажмани, нашата фондација спонзорираше четворица млади спортисти-ученици од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица кои, од 24 до 31 октомври, заедно со својот ментор и претставникот на Меѓуопштинскиот сојуз на училишен спорт-Струмица, учествуваа на Светската средношколска спортска Олимпијада „Гимназијада Бахреин 2024“. Струмичките гимназијалци, како дел од македонската средношколско-спортска експедиција, се натпреваруваа во одбојка на песок (жени) и пинг-понг (мажи), достојно бранејќи ја честа на струмичкиот и македонскиот средношколски спорт.

На оваа голема спортска манифестација во Бахреин учествуваа 6.500 средношколци-спортисти, професори-тренери и членови на делегации од  90 земји од целиот свет, а покрај натпреварувачкиот дел, се одржаа и други активности меѓу кои и едукативни предавања на тема: антидопинг во спортот и ментална хигиена на спортистите.

Инаку, оваа спонзорство е резултат на претходен договор меѓу Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и Меѓуопштинскиот сојуз на училишен спорт – Струмица, склучен во август годинава.

Поддршката на нашата фондација за младите и спортот ќе продолжи и во наредниот период. Добредојдени се сите оние кои имаат желба да ни се придружат.

Skip to content