Еден од клучните ангажмани на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ е вршењето дејности и хуманитарни активности за поддржување на општеството и заедниците преку материјална и нематеријална помош, во рамките на „ЗАЕВ Социјално-хуманитарна програма“.
Таков ангажман беше преземен деновиве со посетата на претставничката на нашата фондација Славица Заева, на згрижувачко семејство, во непосредна близина на Катланово, во кое покрај двете 14-годишни момчиња-близнаци кои му припаѓаат на семејството, згрижени се и 4 деца: три девојчиња на возраст од 5, 7 и 13 години и едно момче на 10-годишна возраст.
Заева, во името на нашата фондација, донираше облека за шесте деца, како и пакети прехранбени производи и школски прибор. Нејзината посета на згрижувачкото семејство помина во исклучително позитивна атмосфера и извонредно дружење со девојчињата и момчињата.