Поддршката на младите и талентирани литерати е од голема важност за нивниот напредок, афирмација и популаризација, но и за збогатување на македонската книжевност со дела од нови и квалитетни „пера“.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ го спонзорираше издавањето на вториот роман на младата и талентирана писателка Рената Атанасова, која неодамна излезе од печат, а потоа и промовиран пред струмичката јавност. Станува збор за романот со криминалистичка содржина „Апартман 313“ со кој авторката, според добрите познавачи на литературата, го потврди својот творечки талент пројавен со нејзиниот дебитантски роман „Желбите на вистинските луѓе“.
Романот „Апартман 313“ излезе од печат во издание на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица, а беше промовиран во струмичкиот Центар за култура „Антон Панов“.
Инаку, Рената Атанасова е по потекло од Моноспитово (општина Босилово), а студира медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на младата романсиерка и посакува уште многу творечки изгрејсонца.