Пред младите стои мисијата да бидат активен дел од нашето општество и да ја поттикнуваат младината да биде погласна за своите права, поборбена за своите идеи со цел да си го заземе заслуженото место на основен столб во нашата држава. Исто така е суштински важно, соработката на младинските организации да се прелее во соработка со институциите на системот. Да соработуваат без оптеретувања со национализам и дискриминација. Младите да бидат активни и гласни, и да пробаат да најдат простор за нивните иницијативи зошто колку се поактивни толку се повидливи, и со тоа секогаш го водат општеството напред.
Токму таква е и оваа Успешна приказна на младиот Агрон Демири кој преку младински активист, денес е во улога на правник верувајќи дека во младината е и силата да се изнесат вистинските вредности и правда на виделина…