Продолжува поддршката за младите и талентираните ученици. Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, покрај други субјекти, финансиски го поддржа учеството на натпреварувачкиот тим од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, од угостителско-туристичката струка, профил – готвач, кој зеде учество на овогодинешниот меѓународен гастрономски фестивал “Бисер мора 2023” во Супетар на Брач, Република Хрватска.
На овој исклучително силен меѓународен натпревар, во конкуренција на 500 учесници од повеќе земји, струмичките ученици Ива Сретеновиќ, Матеј Шапков, Михаил Анастасов, Сара Цекова и Есма Амедова, под менторство на проф. Ивана Петров Ѓоргиева, освоија две златни, пет сребрени и еден бронзен медал, како и четири „сребрени дипломи“ за менторот на јуниор тимот и за училиштето.
Нашата Фондација им честита на учениците и нивната менторка за големиот успех, посакувајќи им уште многу такви и слични достигнувања. Горди на младите и нивните потенцијали, нашата рака за поддршка секогаш ќе им биде подадена.