Нова поддршка за хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ од Гостивар

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, водејќи се од својата добротворна мисија и визијата за континуирано негување и унапредување на образовните, социјалните, научните, хуманите и други видови дејности,    и во четвртата година од своето постоење продолжува со активностите за  поддршка на граѓанскиот сектор, како еден од клучните фактори за развој на нашето општество.

Како резултат на таквата визија, нашата фондација и годинава ја продолжува успешната соработка со Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ од Гостивар кое посветено работи на подобрување на квалитетот на животот  на младите луѓе и нивно интегрирање во јавниот и општествениот живот, но и на создавање услови за помош на маргинализираните, обесправените, социјално ранливите и загрозените категории граѓани.

Врз основа на претходно склучен договор, нашата фондација обезбеди финанасиска поддршка за Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ за успешна реализација на проектот за подмирување на трошоците за партиципација во гостиварските градинки, за деца  на самохрани родители, за период од една година. Еден ваков ангажман на здружението ги заслужува сите честитки од гостиварската и македонската јавност, а ја заслужи и нашата безрезервна финансиска поддршка.

Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ од Гостивар треба да биде вистински урнек за многу чинители од граѓанскиот сектор, а нашата фондација, со надеж за соработка со сродни фондации и општествено одговорни компании, ќе биде секогаш на располагање за вакви и слични хумани проекти.

Skip to content