Поддршката на културните содржини кои го збогатуваат, промовираат и афирмираат македонското творештво, меѓу кое е и музичкото, остануваат во фокусот на програмските активности на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“. Како резултат на тоа, нашата фондација годинава финансиски го поддржува музичкиот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој на 1 и 2 септември се одржува на сцената на Долни Сарај во Охрид. На двете фестивалски вечери (фолк и интернационална) настапуваат 40-тина еминентни пејачки имиња од земјата и целиот Балкан, со што овој фестивал го задржува своето реноме во меѓународни рамки. Музичкото негување на „Отворен Балкан“ заслужува поддршка, почит и внимание, како што заслужува и „Охрид фест – Охридски трубадури“ на кој во изминатите три децении настапиле бројни македонски и балкански ѕвезди, меѓу кои и нашата музичка „икона“ Тоше Проески.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на првите луѓе на фестивалот им го честита јубилејот – 30 години „Охрид фест – Охридски трубадури“. Нека е за многу години.