Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и во третата година од своето постоење останува безрезервен поддржувач на македонските спортски клубови и поединци кои се натпреваруваат во различни спортови, како во државата така и на разни првенства и турнири надвор од границите на Северна Македонија.
Нашата Фондација ги поддржува и оние спортисти кои официјално ја завршиле својата кариера, оставајќи белези во времето на своето спортување, но и натаму се активни во негувањето на натпреварувачкиот дух и љубовта кон спортот во кој се натпреварувале.
Минатиот месец дониравме финансиски средства на Здружението на спортски ветерани „Спортист“ од Струмица, за организација на 5 Турнир во одбојка – Државна лига за ветерани, а на кој учество зедоа екипи од Тетово, Прилеп, Велес, Гевгелија и Струмица.
Фондацијата „ЗЕАВ – Едно општество за сите“ одобри финансиска поддршка и за Кошаркарскиот клуб „КК Ветерани Баскет“ – Струмица, составен од кошаркари од поранешните струмички клубови „Неметали Огражден“ и „Македонија 91“, а кој има за цел – презентирање на струмичката кошарка на локално, регионално и меѓународно ниво.
Клубот негува соработка со клубови на кошаркарски ветерани од Штип, Кавадарци, Битола и Велес, како и со клубови од Волос и Солун од Грција, Варна од Бугарија, Лесковац од Србија и други.
„КК Ветерани Баскет“ – Струмица секој октомври организира и голем меѓународен турнир, кој од годинава ќе биде именуван како Меморијален турнир „Звонимир Кечев – Кечето“, во чест на познатиот поранешен струмички кошаркар.
Колку не има повеќе во помагањето на спортот, толку повеќе спортот ќе ни возврати со поголеми успеси и радости.