Skip to content

Поддржан турнирот во пеливанско борење во Куклиш

Со низа активности граѓаните на населеното место Куклиш го одбележаа верскиот празник Атанасовден кој со години се слави на 15 мај, во чест на заштитникот на селото  – Св. Атанасиј.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, почитувајќи ги вистинските традиционални вредности, финансиски го поддржа Здружението „Фрескоживописие“ од Куклиш, кое, во соработка со месната црква „Свети Атанасие“, го организираше традиционалниот турнир во пеливанско борење, како главен настан од програмата за одбележување на празникот.

Покрај примарната цел на овој настан, турнирот се одржа и во рамките на одбележувањето на јубилејот – 100 години традиција во пеливанско борење, а улогата на технички организатор ја имаше македонската Федерација за пеливанско борење.