Поддржана серијата „Три дена во Лерин и Мала Преспа“

Во чест на   5 Мај – Денот на македонскиот јазик, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ финансиски ја поддржа реализацијата на  серијата од четири стории „Три дена во Лерин и Мала Преспа“, во продукција на порталот Рацин.мк Станува збор за исклучително квалитетен, содржаен и професионален „продукт“, како своевиден колаж од новинарско видување и „жив збор“ од мноштво соговорници – Македонци и Грци, кои зборуваат за правата на македонското малцинство во Грција, за македонскиот јазик и вечната борба за зачувување на неговата посебност, за придобивките од регистрацијата  на Центарот за македонски јазик, но и за неговото озаконување, како историски триумф на Македонците во соседна Грција.

Првата сторија под наслов „Македонскиот јазик е борба која никогаш не завршува  – За центарот за македонски јазик во Грција“, покрај другото,  заслужува внимание и поради „печатот“ на важноста на Преспанскиот договор, како клучен „фактор“ за именувањето на македонскиот јазик во Грција. Впрочем, според најавите од порталот Рацин.мк , значењето на тој историски документ се потврдува и со содржините од следната сторија од серијата „Три дена во Лерин и Мала Преспа“, насловена „Преспанскиот договор – симбол за поврзување меѓу народите“.

Skip to content