Нашиите граѓани заслужуваат почит, внимание и сесрдна поддршка, но сето тоа најмногу го заслужуваат децата. Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, посветеноста и љубовта кон најмалите, меѓу другото, ја манифестира и со поддршка на активности кои се во функција на збогатување и разубавување на нивниот живот. Таква беше и поддршкта на нашата фондација за изведба на театарската претстава за деца „Разгалениот принц“ во Струмица.
Деновиве од сцената на струмичкиот амфитеатар во Градскиот парк, актерите Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов, со интерактивен пристап во сценската игра, им приредија вистинско уживање на најмалите струмичани, споделувајќи ја со нив комичната содржина на „Разгалениот принц“, исполнета со мноштво едукативни елементи. Инаку, Сашо Ристовски, покрај актерскиот влог во претставата, е и нејзин автор и режисер.
Поддршката за Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ за културни и едукативни содржини наменети за децата ќе продолжи и во наредниот период.