Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и годинава, како и секоја од претходните, со должно внимание кон најмалата, најчесната и најискрената популација од нашето општество, на себе својствен начин ја одбележува првата седмица од месец октомври која традиционално им е посветена на децата.
По повод „Детска недела“ и овојпат, преку корисна видео порака, ги потсетуваме најмалите на дел нивните најважни права и обврски, загарантирани со Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, усвоена во 1989 година. Видеото е наменето и за возрасните кои се должни максимално да ги почитуваат тие нивни права, но и да им овозможат идеални услови за нивно непречено остварување.
Зошто го правиме ова? Затоа што децата, како ниедни други, го заслужуваат нашиот примарен фокус при делувањето на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.
ЗА КОГО АКО НЕ ЗА ДЕЦАТА…
(проследете го видеото, во продолжение)


