Со наше спонзорство до девет медали на Европско првенство

Уште едно спонзорство од нашата фондација и уште еден голем меѓународен успех на македонскиот спорт. Тоа е епилогот од Европското првенство во карате, кое се одржа од 6 до 11 мај во Ковасана, Романија.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, повторно, по којзнае кој пат, даде свој несебичен влог во афирмацијата и популаризацијата на македонското  карате, но и на македонскиот спорт воопшто.  Нашата фондација го спонзорираше Карате клубот „Шихан Про“ од Струмица за учество на 28 Европско првенствво во Романија, покривајќи голем дел од неопходните трошоци за превоз, сместување и котизација за младите каратисти.

Убавите вести од Романија велат дека во спортстката арена на Ковасана трипати била интонирала македонската химна за освоените три златни медали на младите струмички каратисти, а уште во шест наврати каратистите на „Шихан Про“ биле на пиедесталот, закитувајќи се  со  уште 2 сребрени и 4 бронзени медали.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ им честита на младите каратисти и раководството на Карате клубот „Шихан Про“ за извонредниот успех, посакувајќи им уште многу трофеи на домашен и меѓународен план. Го поддржуваме македонскиот спорт за да има континуиран подем во сите можни поединечни и колективни спортови.

Skip to content