Деновиве од италијанскиот град Римини се вратија членките на вокалната група „Music soul“ при Здружението на граѓани „Внимание“ од Гевгелија, кои, со финансиска поддршка на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, зедоа учество на 21 Интернационален натпревар – Музички фестивал „Римини Фест“.
Предводени од вокалниот педагог и координатор на Здружението Маја Зафирова, младите вокалистки од „Music soul“ постигнаа одличен успех, освојувајќи седум награди, во конкуренција на учесници од Италија, Полска, Словачка, Украина, Грузија, Романија, Бугарија и Северна Македонија. Во соло изведба први места освоија Билјана Дуева, Слободанка Арнаудова и Ангела Зафирова, а три втори награди им припаднаа на Ивана Коколанска, Ања Поп-Костова и Анастасија Зафирова. Покрај тоа, Слободанка Арнаудова, Билјана Дуева, Ангела Зафирова, Ања Поп-Костова, Ивана Коколанска, Анастасија Зафирова и Глориа Зафирова го освоија првото место за групна изведба, во конкуренција на септети. Координаторот Маја Зафирова се здоби со диплома за вокален педагог.
Нашата фондација била и останува поддржувач на млади групи и поединци кои на најдобар можен начин ја негуваат, унапредуваат и афирмираат македонската култура и традиција, како во земјата, така и надвор од границите на Северна Македонија. Ги повикуваме сите сродни фондации, организации и општествено одговорни компании да го следат примерот на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“