Поддршката на индивидуалниот и колективниот спорт, како и спонзорирањето на спортски настани и манифестации, беше и останува важен дел од севкупните активностите на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.
Најновото спонзорство од нашата фондација во областа на спортот е наменето за организаторите на турнирот во мал фудбал „Преображение Вевчани“ кој традиционално се одржува по повод празникот Преображение, а влече корени од далечната 1958 година. Според информациите од организаторите, турнирот, на кој се очекува да настапат триесеттина екипи, ќе се одржи од 27 јули до 19 август.
Спонзорирањето на турнирот во мал фудбал, не е наша прва поддршка на спортот во Вевчани. Минатата година Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ финансиски ја поддржа „Фудбалска Академија Вевчани“ за учеството на овој клуб на три фудбалски турнири во Црна Гора, Албанија и Грција, од кои вевчанските фудбалери се вратија со две први и едно трето место.
На организаторите на Турнирот во мал фудбал „Преображение Вевчани“ им посакуваме успешно продолжување на спортската традиција со надеж дека турнирот ќе ги оправда очекувањата на љубителите на малиот фудбал, а нашата фондација и натаму ќе остане верен поддржувач на македонскиот спорт.


