Спонзорство за јубилејната 25 „Тортијада“ на лицата со телесен инвалидитет

Негување на културно-забавниот живот на лицата со телесен инвалидитет, подигање на јавната свест кај граѓаните во врска со потребите на овие лица, како и нужност од нивна инклузивност во сите сегменти на општеството. Тоа е се главните цели на традиционалната „Тортијада“ која се  одржува секоја година, во организација на „Мобилност – Струмица“, како една од најреспектабилните манифестации на ниво на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.

Деновиве, со спонзорство од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ се одржа јубилејната 25 „Тортијада“ на која учество зедоа здруженија на „Мобилност“ од Скопје, Прилеп, Куманово, Велес, Кочани, Штип, Гевгелија, Радовиш и Струмица.

Значајно е да се спомене дека директорот на нашата фондација, Зоран Заев, веќе 20 години во континуитет го помага одржувањето на традиционалната „Тортијада“, од годините кога беше градоначалник на општина Струмица, преку периодот кога беше претседател на македонската  Влада, па се до денешни дни кога е на чело на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“. Неговата долгогодишна поддршка за „Мобилност – Струмица“ и „Мобилност Македонија“ се однесува и на низа други нивни активности.

Иако „Тортијада“ е манифестација со натпреварувачки карактер, сепак и годинава дружењето меѓу учесниците беше поважно од се`.

Ајде да ја разбудиме човечноста во луѓето и заеднички да помагаме онаму каде што треба.

Skip to content