Спонзорство за нова опрема на ФК„Младост Муртино Академија“

Спортот и рекреацијата се едни од највжните активности кои овозможуваат правилен развој на секоја индивидуа, јакнење на натпреварувачкиот дух, како и негување и зачувување на здравјето на граѓаните, особено на младите. Од тие причини, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ преку својата „ЗАЕВ спортско-рекреативна програма“, континуирано го поддржува македонскиот колективен и индивидуален спорт во различни спортски дициплини и категории. Таквата поддршка е повеќе од неопходна и за соодветна популаризација и афирмација на клубовите и спортистите во домашни и меѓународни рамки.

Овојпат нашата фондација го спонзорира Фудбалскиот клуб „Младост Муртино Академија“ за набавка на дресови и спортска опрема за новата натпреварувачка сезона. Овој клуб, под името „Младост“ Муртино е формиран во далечната 1952 година, и со низа подеми и падови опстојуваше цели 60 години, до 2012 година. Оттогаш, по 14-годишна пауза, клубот повторно се враќа на фудбалската сцена, овојпат со нови амбиции и ново име:  ФК „Младост Муртино Академија“.  Раководството и фудбалерите се надеваат дека достоинствено ќе го претставуваат клубот и ќе дадат свој придонес во идниот развој на фудбалот и спортот во Муртино, но и пошироко во регионот.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ им посакува успешна натпреварувачка сезона на членовите на ФК „Младост Муртино Академија“, а на сите муртински вљубеници во „најважната споредна работа на светот“ многу причини за радост и уживање во фудбалските убавини.

   Нашата фондација и натаму останува верен поддржувач на македонскиот спорт.

Skip to content