Континуираната поддршка на младите и спортот, како своевидна симбиоза која е од големо значење за развојот на заедниците и општеството, и натаму останува еден од главните белези на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“. Таков е и примерот со нашето спонзорирање на манифестацијата „Валандовско спортско лето 2026“ која се одржа од 5 до 9 август.
Во рамките на манифестацијата беа одржани натпревари во спортовите: баскет 3х3, фудбал, ракомет, одбојка (жени), тенис и пинг-понг, кои го привлекоа вниманието на љубителите на спортот од Валандово и околината. Имајќи го во предвид фактот дека манифестацијата имала за цел да го поттикне спортскиот дух, здравиот начин на живот и дужењето меѓу младите, како и промоција на општината, вреди да се истакне дека организаторите го оправдале својот организационен ангажман на настанот, а со тоа и нашето спонзорство како подадена рака од фондацијата.
Валандово веќе не е само град на песната и калинките, туку и место каде што младите и спортот успешно одат рака под рака. Со надеж дека таквите и слични активности ќе бидат дел од македонското секојдневие, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општерство за сите“ е и натаму подготвена за поддржување на младинските спортски манифестации.


