„Спортот за државата, државата за спортот“. Така беше насловен дводневниот Самит на спортските новинари од Југоисточна Европа кој се одржа во Струмица, а под генерално покровителство на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“. Во рамките на самитот беше оджан и истоимен Симпозиум на кој еден од воведничарите беше и господинот Зоран Заев, кој, во присуство на спортски новинари и гости од девет земји, зборуваше на тема „мир“. Тој, од организаторите на самитот од Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа, доби Плакета за посебен придонес во афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателството.