Уште една донација за Гранскиот независен синдикат на полицијата

Активностите на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, согласно своите програмски определби, продолжуваат и натаму на сите можни полиња.

Како и минатата година, така и годинава, нашата фондација ги поддржува организационите заложби за спортски активности на Гранскиот независен синдикат на полицијата. По минатогодишната финансиска  поддршка за организирање на централниот спортски настан „Полицијада“ кој се одржа во Охрид, овојпат дониравме средства за организација на тридневниот Спортски синдикален камп, кој деновиве се одржа во Банско, Република Бугарија.

Нашата фондација, како поддржувач и донатор на Гранскиот независен синдикат на полицијата, беше информирана за успешната реализација на Спортскиот синдикален камп, на кој учество зеле околу 350 учесници. Според организаторите, целите на кампот биле: зголемување на меѓусебната довербата на полициските службеници, која е од исклучително значење за функционирањето на комплетниот безбедносен систем, промовирање и афирмирање на здравиот животен стил, како и зајакнување на односот помеѓу полицијата и заедницата.

Со убедување дека нашата донација заврши во вистинските раце и дека  Спортскиот синдикален камп ќе ги донесе посакуваните бенефити,  Фондацијата  „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ ги продолжува своите активности, како подадена рака за сите оние на кои им е потребна.

Skip to content