Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува со поддршката, донациите и спонзорствата за спортистите и спортските клубови кои успешно го афирмираат македонскиот спорт во меѓународни рамки. Покрај фудбалот, кошарката, одбојката, стрелаштвото, шахот и други спортови, нашата фондација редовно ги поддржува и натпреварувачките активности на македонските каратисти и карате клубови.
Во април годинава, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше финансиски средства на Мишел Антонов, член на Карате клубот „Зрновци“, кој е и тренер и претседател на клубот, за негово учество на WKC Балканскиот карате шампионат одржан во Дервента – Босна и Херцеговина. Овојпат, само половина година подоцна, повторно му подаваме рака на Карате клубот „Зрновци“, со донација за учество на 16 Светско карате првенство кое ќе се одржи на 27, 28 и 29 ноември во Белград, Србија.
Покрај тренерот Антонов, на првенството (во различни категории) ќе учествуваат и Дарио Ѓорѓиев, Лора Ѓорѓиева, Јована Николова и Јана Стоикова, кои се дел од македонската репрезентација. Донацијата ги покрива сите трошоци на учесниците, за пат, храна, сместување, котизација и годишна членарина за Светската Карате Конфедерација (WKC).
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на членовите на Карате клубот „Зрновци“ им посакува висок пласман на Светското првенство и успешна афирмација на македонското карате, но и на спортот воопшто.


