Пеливанското борење (ѓуреш) е еден од најстарите македонски спортови преку кој се негува вековната традиција на борење под отворено небо, пропратено со низа други автентични белези. За зачувување на таквата традицијата од можно изумирање, овој спорт треба редовно да го поддржуваме, за да може љубовта кон него успешно да биде пренесувана и на младите генерации.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и годинава, како и минатата година, донираше средства на Здружението „Фрескоживописие“ од Куклиш, кое во соработка со месната црква „Свети Атанасие“ го организираше традиционалниот турнир во пеливанско борење во ова населено место. И овојпат турнирот се одржа на 15 мај, како една од содржините со која беше одбележан празникот на Куклиш – Свети Атанасиј.
Искрено се надеваме дека донацијата од нашата фондација придонесе за успешна реализација на турнирот од страна на „Фрескоживописие“, и за дополнителна афирмација и популаризација на пеливанското борење. Во тој дух ќе проддолжиме и натаму да ги поддржуваме таквите и слични активности, за понатамошен развој на македонскиот спорт.