Уште една донација за здружението „ХЕМА-ОНКО“

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и натаму останува доследна на зацртаните програмски определби кои претставуваат важен  дел од нејзиното тековно работење. Имајќи во предвид дека човековото здравје е најважно од се, една од најприоритетните  програми на фондацијата е секако: „ЗАЕВ Програма за подигање на свеста за јавното здравје“.

Во рамките на програмата,  ние од  Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ ја продолжуваме соработката со Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки и онколошки заболувања и нивните негуватели „ХЕМА-ОНКО“ – Скопје. Како резултат на таа соработка, и годинава обезбедивме донација за „ХЕМА-ОНКО“ со која ја поддржуваме реализацијата на планираните активности на ова здружение.

Се надеваме дека членовите на „ХЕМА-ОНКО“ ќе истраат во своите хумани заложби да го задржат континуитетот во борбата со ракот – најлошата закана за човековото здравје, справувајќи се со недоследностите на македонското здравство во поглед на  стратегијата, превенцијата, скрининг програмите, ненавремената набавка на соодветна терапија и слично. Воедно на „ХЕМА ОНКО“ му посакуваме успешно спроведување на кампањата „Розев Октомври“.

Нашата донација е наша подадена рака. Таа рака нека биде „семе“ за повеќе подадени раце.

Skip to content