300 прехранбени пакети за социјално ранливи семества

Заедно можеме многу, заедно можеме сè. И еве сме повторно, ние од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ заедно со општествено одговорни компании и луѓето од  Министерството за труд и социјална политика, водени од иста мисла, иста верба и иста цел. Еве сме „наоружени“ со љубов и емпатија, за да покажеме дека сме исти, дека сме наши, дека сме луѓе. Во чест на празниците кои се пред сите нас, спроведуваме во дело една убава човекољубива иницијатива. Нема ништо поубаво, кога таквата иницијатива прераснува во акција, поаѓајќи од тоа дека секоја акција значи движење.

Во рамките на оваа акција, која е во тек, доделуваме 300 прехранбени пакети на семејства од социјално ранливи категории во петнаесетина македонски градови, а во чест на  новогодишните и Божиќните празници. Со акцијата се опфатени многудетни семејства, згрижувачки семејства, самохрани мајки, жртви на семејно насилство, пензионери кои живеат сами со минимална пензија, и деца без родителска грижа кои живеат во мали групни домови.

Една позната мисла вели дека човекот е вистински среќен, само кога сите околу него се среќни. Токму затоа, акцијата ја спроведуваме под нашето мото „Среќата се споделува“.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ ќе ја споделува среќата и во наредната 2024 година, испраќајќи апел до општествено одговорните институции и компании да ѝ се придружат во тоа споделување.

Skip to content