Понекогаш малите нешта знаат да бидат од голема полза и значење за подобрување на квалитетот на севкупното живеење на граѓаните и за унапредување на општественото секојдневие. Доказ за тоа е и последната донација на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ наменета за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.
Станува збор за неопходен дел од опрема за Дигестивната амбуланта со кој се овозможува полесно и поефикасно работење на лекарите и медицинскиот персонал при секојдневните прегледи на пациентите. Тоа го овозможува функционалноста и современиот дизајн на донираните елементи од опремата.
Поддршката за унапредување на јавното здравје е еден од најважните фундаменти врз кои почиват донаторските активности на нашата фондација. Како резултат на таквите заложби, фондацијата досега донираше повеќе апарати и друга неопходна опрема на редица универзитетски клиники и други здравствени установи во државата.