Донација за Универзитетска клинка по гинекологија и акушерство

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ преку своите претставници г-ѓа Зорица Заева и д-р Венко Филипче, во пресрет на Новата 2023 година, донираше исклучително значаен апарат за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника по гинекологија и акушерство – Скопје. Станува збор за нов апарат  – Resusci Flow neonatal and infant resuscitator, без вграден AIR/Oxygen Blender, наменет за реанимација на новороденчиња, особено на предвремено родени бебиња, со едноставен принцип на давање кислород. Донацијата дополнително опфаќа и две стојки за инфузија од Titanox – Италија и два Spo2 сензори за на прст. Имајќи во предвид дека Универзитетската клиника  по гинекологија и акушерство досега немаше таков вид на софистициран апарат за реанимација, донацијата значи голем чекор напред во развојот и унапредувањето на здравствената заштита, со што значително ќе се намали и смртноста кај новороденчињата.

Со оглед на фактот дека дел од членовите на нашата Фондација порано беа директни креатори на здравствената политика во државата, ваквите донации се всушност продолжување на успешните политики во тој дел.

Развојот на здравствениот сектор и понатаму останува една од примарните цели на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“. Во Новата 2023 година ќе следуваат нови конкретни чекори за остварување на тие цели.

„Еден спасен живот - спасен цел свет``

Зоран Заев

Директор и основач

Skip to content