Меѓународниот ден на мирот, официјално познат и како Светски ден на мирот, е празник одобрен од Обединетите нации, кој се одбележува секоја година на 21 септември. Посветен е на светскиот мир, а особено на отсуството на војна и насилство, како што може да биде предизвикано со привремен прекин на огнот во борбена зона за пристап до хуманитарна помош. Денот првпат беше прославен во 1981 година и го чуваат многу нации, политички групи, воени групи и луѓе.
- This event has passed.
Меѓународен ден на мирот
септември 21
МИР, Frieden, Peace, Paix, Mier, Pace, Fred, Paz, Nabad, Paqe, Béke…
Во различни земји на светот има различно име, но на сите граѓани на планетата тоа име им е суштинска потреба. МИР – колку мал збор, а толку многу значаен.
- МИРОТ не е само цел кон која се стремиме, туку средство со кое доаѓаме до таа цел.
- МИРОТ не може да се одржува со сила. Тој се постигнува само со разбирање.
- МИРОТ не е отсуство на судири. Тоа е способност за решавање на судири со мирни средства.
- МИРОТ во светот може да се постигне кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта. Како што нема вистински МИР без љубов, така нема и вистинска љубов без МИР.
- Секој од нас го поседува она што е потребно за создавање МИР на земјата. Сите знаеме да сакаме, само треба да го користиме тоа знаење во сите аспекти на животот.
Бројни мислители, државници и други познати светски личности ни ги оставиле овие, но и уште многу други преубави мисли за МИРОТ.
Но, МИРОТ е нешто повеќе од сите тие мисли, заедно.
Едноставно, МИРОТ Е СЕ.
Гулабот на МИРОТ нека лета за сите деца и за сите МИРољубиви луѓе кај нас и во светот.
Честит и вековит нека е 21 Септември – Светскиот ден на мирот.