Меѓународниот ден на постарите луѓе се одбележува секоја година на 1 октомври.
На 14 декември 1990 година, Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за воспоставување на 1 октомври како Меѓународен ден на постарите луѓе, како што е запишано во Резолуцијата 45/106. Празникот за прв пат беше одбележан на 1 октомври 1991 година.
Празникот се слави со подигање на свеста за прашања кои ги засегаат старите лица, како што се стареењето и злоупотребата на постарите. Тоа е и ден за ценење на придонесот што постарите луѓе го даваат во општеството.