Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, по повод 12 Август – Меѓународниот ден на младите, ги посети Амир Дестанов од „Дневниот центар за деца на улица“ и ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари и младиот генијалец Македон Димитровски, ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово. Врачувајќи им донација и честитајќи им го Меѓународниот ден на младите, им посакавме понатамошни успеси во образованието и животот.
Имајќи во предвид дека Македон и Амир ги поврзува љубовта кон математиката, Фондацијата им посакува повеќе „собирање“ (признанија) и „множење“ (успеси), отколку „одземање“ и „делење“.
Воедно, „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на сите млади во Република Северна Македонија им го честита 12 Август – Меѓународен ден на младите, со желба за квалитетен младешки живот исполнет со мноштво успеси, радости и вредности.
„Младоста е среќна затоа што е способна да ја види убавината, а секој кој има способност да ја види убавината, не може да остари.“ (Франц Кафка)