Поддржано учеството на најдобрите македонски наставници на меѓународна образовна конференција во Бања Лука

Деновиве од Бања Лука се вратија триесеттината најдобри македонски наставници кои, од 4 до 7 април, зедоа учество на Меѓународна образовна конференција на ANN_EX_YU, која се одржа во вториот по големина град во Босна и Херцеговина.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ , согласно своите принципи и програмски ангажмани, го поддржа учеството на нашите наставници на оваа шестта по ред  Меѓународна конференција, која се одржа под мотото „Образованието ги брише границите“.

Инаку,  ANN_EX_YU е меѓународна асоцијација на најдобрите едукатори од поранешните југословенски простори, која има за цел да ја афирмира работата на просветните работници од сите нивоа на воспитно-образовниот процес и да ги детектира најдобрите од нив.

Повеќе наставници од македонскиот „тим“, учесници на конференцијата во Бања Лука, станаа носители на признанието „Најдобар наставник на  ANN_EX_YU“, со што станаа полноправни членови на асоцијацијата.

Нашата фондација, во соработка со сродни општествено одговорни компании, и во иднина ќе ги поддржува активностите кои ќе бидат во  функција на  унапредување и афирмација на македонското образование.

Skip to content