Канцеларијата на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ ја посетија претставници на ЖФК „Тиверија“, еден од најуспешните женски фудбалски клубови во државата. Притоа, на директорот и основач на фондацијата, Зоран Заев, му врачија врамен дрес на ЖФК „Тиверија“, во знак на благодарност за поддршката, афирмацијата и популаризацијата на женскиот фудбал во Струмица и државата, како еден од иницијаторите за формирање на овој клуб. На тој начин, уште пред единаесет години, тогашниот градоначалник на општина Струмица се грижел за родовата еднаквост во спортот. Претставниците на ЖФК „Тиверија“ го запознаа Заев со досегашните успеси на клубот во сите можни категории, истакнувајќи дека истиот е позитивен пример за општествено одговорен клуб кој, паралелно со своите фудбалски активности, се вклучува во бројни еколошки и хуманитарни акции, како и во проекти посветени на родовата еднаквост. Тие изразија подготвеност за волонтерско вклучување во идните акции и активности кои Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ ќе ги организира или поддржува. Директорот на фондацијата им вети на „тиверијанките“ дека ќе го поддржи клубот, со цел остварување на нивните шампионски амбиции и афирмирање на македонскиот женски фудбал во меѓународни рамки.