Skip to content

Спонзорство за здружение на велосипедисти од Гостривар

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, покрај другите активности, останува и натаму фокусирана на поддршката на спортот и заштитата на животната средина. Таквата заложба на нашата фондација се огледува и во спонзорирањето на Здружението на велосипедисти „ГОСТИВАР МТБ КЛУБ“ – Гостивар кое преку планински велосипедизам, здрав начин на живот и негување и зачувување на природата се стреми кон изградба на поинклузивна, свесна и активна заедница.

„ГОСТИВАР МТБ КЛУБ“ е заснована како невладина, непрофитна, непартиска и неполитичка организација која се занимава со стручни и практични аспекти на активности за развој на велосипедизмот кај граѓаните и спортистите од сите возрасни категории. Меѓу целите и задачите на здружението вреди да се издвојат: подобрувањето на стручната работа со сите категории вљубеници во велосипедизмот на база на ползување на најновите научни сознанија, како и заштита и унапредување на општествениот, социјалниот и професионалниот статус на своите членови, како и утврдувањето ставови по прашања од интерес на своето членство.

Покрај тоа ГОСТИВАР МТБ КЛУБ се залага и за развивање на свеста на граѓаните, заштита и подобрување на животната средина, одржување едукативни работилници во природа, организирање сминари во земјата и странство за поттикнување на развојот на велосипедизмот, како и негување на етичките начела, почитување на човековото достоинство, ферплејот, толеранцијата и сл.