Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ како непрофитен општествено одговорен субјект од добротворен и хуманитарен карактер, продолжува со својата поддршка за „СОС Детско село“.
Овојпат нашата фондација финансиски ја помага B2S кампањата на СОС Детско село која има за цел едукативно да ја поддржи ранливата група на деца и млади кои се во нивна грижа, овозможувајќи образовна и вонучилишна доедукација, и нивна полесна реинтеграција во училишниот систем.
Ваквите иницијативи на „СОС Детско село“, како дел од големото семејство од преку 500 Детски села во 134 земји од целиот свет, го заслужува вниманиеето и поддршката од нашата фондација, па таквата поддршка ќе биде пракса и во наредниот период.
Имајќи во предвид дека „СОС Детско село“ директно или индиректно помага на 460 деца и млади без родителска грижа или во социјален ризик, трудејќи се, меѓу другото, да обезбеди финансиски средства за образовни активности за јакнење на нивните капацитети и знаења, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ апелира до сите фондации, институции, здруженија и поединци да делуваат согласно белезите кои треба да го красат секој човек.
Да ја разбудиме емпатијата и хуманоста во нас. Правејќи им добро на другите, си правиме добро и себеси.