Еден од носечките столбови на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и Програмата за здрава животна средина, која, меѓу другото, предвидува и акции за зголемување на зелените површини. Во таа насока беше и вчерашниот почеток на кампањата „Садиме здравје“, која ја реализираме во соработка со Министерството за здравство, а се состои од засадување 100 садници, високи и веќе оформени стебла, во кругот на Клиничкиот центар, со цел обновување и збогатување на парковите во комплексот на универзитетските клиники.
Во вчерашната акција учество зедоа лекари, студенти по општа пракса на Медицинскиот факултет во Скопје и ученици од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.
Новите стебла во кругот на Клиничкиот центар, несомнено ќе придонесат за разеленување и разубавување на постоечките паркови, а пред се ќе донесат и здравствени бенефити за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои доаѓаат во посета на своите ближни.
Кампањата „Садиме здравје“ ќе продолжи и во наредните денови, до конечното засадување на набавените садници. Апелираме до сите граѓани и вработените во универзитетските клиники, да ги чуваат и негуваат засадените стебла, бидејќи здравјето и животната средина се најважни од се.